Внесување
Автор: Маја Мојсова
Година на издавање: 2016
Книгата, збирка поезија „Внесување (Ако Љубов не нѐ скроти)“ содржи 33 поединечни песни, или конципирани во една главна песна како прва воведна и шеснаесет поетски целини, песна во песна. Симболиката која ја прикажува авторот со таквото групирање на песните е во субјективното убедување за влијанието кое го имаат броевите во животните цели и насоки, како и фактот дека сѐ на светот и универзумот е сочинето од своето егзистирање и својата спротивност. Иако насловот и поднасловот го наведуваат читателот на помисла дена станува збор за поезија која во својот императив ја има љубовта, како што се вели во една од песните, не се пее за конкретна или наменска љубов, туку за универзалниот јазик и значење на самиот поим љубов.