Придушен сјај
Автор: Христијан Кристевски
Година на издавање: 2016
“Придушен сјај “ е драмски текст кој има за цел на бајковиден начин да ги претстави сегашните општества во малите земји и влијанието во нив од страна на големите светски сили.Во ова дело со ликовите кои имаат јасно нагласени карактеристики и значително се разликуваат меѓу нив се претставени цели сталежи и групи, и нивните конфликт.Преку овој драмски текст се доловени ликовите на луѓето кои секојдневно ги гледаме. Состојбата во поголемите градови во светот каде ги омаловажуваат луѓето кои доаѓаат од помалите градови и веднаш ги етикетирани како "провинцијалци", додека девојките секогаш ги сметат за ловци на богатство го инспирирало авторот да ги создаде ликотвите на Клаудија и Евелин со што докажува дека не е битно местото од каде што некој доаѓа и дека сите луѓе се еднакви односно дека и двата лика имаат иста цел ,а потекнуваат од различни средини.Се среќаваат ликови кои имаат слични карактеристики,а се наоѓаат на сосема различни спротиставени страни со што се потврдува погоре наведеното.Фредерик неспособен кројач кој ги продава фустаните кои ги создава Констанс со нејзината магија всушност ги претставува медиумите кои ги "продаваат" вестите на народот кои надворешните влијателни личности ги создаваат,секако модифицирани од страна на Рабиел и Оливер, кои вусшност ги претствуваат влијателни луѓе во општеството.Љубовта на Леонардо и Габриела, ја претставува љубовта на двајца млади кои решаваат да останата во својата земја,односно блиску до Ариана,тие се се поретко присутни во не развиените земји,ретки се луѓето кои не мечтаат да одат некаде далеку од својата земја и кои не веруваат во приказните кои им ги кажуваат Фредерик и Констанс односно медиумите предводени од надворешните влијателни земји. Крајот, љубовта на Векстус кон Ариана,ја симболизира љубовта на народите кон нивните земји.