Кафе на босански начин
Автор: Валентина Николова
Година на издавање: 2015
Збирка раскази создадена од реални ликови и случувања во секојдневниот живот. Анализа на млади модерни луѓе растргнати и притиснати во сопствената кожа, живеејќи во неопростив урбанизам. Неуротични приказни, меѓусебно поврзани, на моменти опсесивни, притиснати со неопростива агонија, љубов по која се тажи, жалење за бескрајните изгубени задоволоства. Човекот е многу посреќен кога ќе почувствува, многу поголем кога целосно ќе се предаде некому и ќе сака искрено, а најголем е кога е сакан. Огормна страст која е потребна за едно човечко суштество да се почувствува живо. Кај некои ликови во расказите страста е карактерна особина која се користи како потфат за успех во борбата која се води со сопствениот дух. Каква неискреност е целата таа борба во едно динамично општество.