Тивко се палат розите
Автор: Маја Арминовска
Година на издавање: 2016
Лиричноста во поезијата на авторката е на висок степен. Описите на небото, речното корито, созреаното јаболко, се успешно вклопени во одразот на поетската меланхолична душа, која е понесувана низ тајните врати, со музиката која на жалбата жари, притоа раѓајќи спомени кои се оставени зад вратата или закопани во урнатините. Во еден дел од песните на оваа збирка, меланхоличната душа на поетесата станува упорна во побарувањето на љубовта, за која е сигурна дека оној другиот ја чувствува.