Танцот на животот
Автор: Моника Стојанова
Година на издавање: 2015
Изгубени меѓу реалноста и сонот, вистината и лагата, меѓу она што се посакува и она што не може да се пронајде, ликовите од македонско–руската приказна раскажана во романот „Танцот на животот“, како и ликовите во реалниот живот, спокојот го наоѓаат единствено во бегството од реалноста преку мистичноста на танцот. Оттаму и императивната заложба–свесно да се трага по правиот, вистинскиот пат кој води кон совршенство на несовршеноста, надминување на сите проблеми но, без повредување на другите околу себе без оглед на нивното место во нашите срца. Преку циркускиот караван, современото општество, вредностите, љубовта и продлабочено аналитичко претставување на ликовите ги запознаваме емотивните состојби предизвикани од одредени содржини кои животот го прават игра во која ние–танчарите треба да ги почитуваме правилата за да создадеме мирен и спокоен живот кој ќе ни овозможи на најдобар начин да ги оствариме нашите потенцијали. Бидејќи додека целосно не ја отвориме затворената кутија–животот, нема да ја дознаеме вистината за себеси и за другите луѓе, а секој чекор од кореографијата во животот е само резултат од сопствениот избор.