Слана
Автор: Душко Трифуновски
Година на издавање: 2015
Ако семејството е најважно, зошто тогаш гордоста зазема главно место на трпезата? За да ги растргне сите? Една грешка на родителот може да го остави без своите деца, една гранка по една да се исушат, и да остане само скапаниот труп. Сланата го гори дрвото до темел, без тоа да почувствува некаква болка или празнина. Но, по секоја зима со слана, доаѓа лето со сонце. Можеби сонцето ќе го раззелени дрвото што сланата го исуши, па ќе даде род. Но лузните го обележуваат човекот довека, како со синџир го врзуваат за минатото, довека!