Песната на душата
Автор: Гордана Коцева
Година на издавање: 2016
Гордана Коцева ни нуди снопче олебнети песни што зрачат со зрелост и духовна чистота. Книгата содржи педесеттина песни со тематика од животот во сите негови манифестации и открива едно разновидно пеење, каде мислата пулсира оклу неколку разновидни теми, но секогаш со други нијанси. Во овој сноп убави песни, конструирани со видно означеното лирско Јас, во опзиција со лирското Ти; Тој; Тоа, душата е во фокусот на поетесата. Душата е еквивалент на животот, основен витален принцип.. За неа пишувале и поети и психолози, и филозофи и лекари. Од памтивек. И обичниот човек размислувал за душата, ја вградил во многу песни и приказни, поговорки и пословици, оквалификувајќи ја со најпозитивни квалификативи: добар како душа; мек како душа; душа човек... Дај и на душата тоа што го сака! - е советот што го исткајало вековното искуство. За таа и таква душа пее Гордана Коцева. Таа на дланка ни ја нуди нејзината душа со сите поетски вибрации, сни и надежи, стравови и воздигнувања.