Воздишки на срцето
Автор: Марија 'Ртоска
Година на издавање: 2016
Емотивноста е постојан процес на длабоко и континуирано компонирање на зборовите во поетската збрирка „ Воздишки на срцето“. Емотивниот наплив е своевиден дијалог кој се препознава и открива, дел по дел од смисла на постоење на човековата судбина, со полно прифаќање на емотивното набликнување во мислата на човековата интимност. Секоја песна е само миг, но мигот е полн со интензитет и доживување. Поезијата е освојување; и кога зборува за љубовта и кога зборува за препознавање на себеси и пејзажот, всушност, постојано во секоја од творбите се чувства емотивното искажување. Доблеста постојано се надградува и препознава со нови вредности на човековиот живот.