Малата бела зграда
Автор: Верче Коцева
Година на издавање: 2016
Книгата го прати животот на една девојка почнувајки од тинејџерските години, каде се случуваат најголемите психолошки промени во секој живот. Акцентот тука е ставен на двете најголеми борби кои ги води главната актерка. Првата борба е борбата која таа ја води откако осознава дека е хомосексуалка, прво со самата себе, потоа со своите најблиски и секако со општеството кое не е баш расположено за "ваквите" особи. Втората борба е борба со љубовта, меѓутоа не со љубената личност, туку помеѓу таа себеси и љубовта во неа... таа љубов која знае и тоа како да си поигра со личноста, да ја промени, да ја уништи... Кој ќе победи, и дали некој победил во таквата борба?!