Интензивен курс по агонија
Автор: Исток Улчар
Година на издавање: 2016
Официјалниот дел од втората книга на Исток Улчар е поделена во два ненасловени циклуса со по петнаесет песни, но истите имаат поднаслови (како и придружни цитати), кои алегорично го кажуваат местото каде што тие песни би било најпожелно да се читаат. Првите петнаесет песни се социјално ангажирани, меѓу кои само првите неколку творби се дневно политички. Последните петнаесет песни претставуваат интимна и рефлексивна лирика. При крајот на овој циклус е вметната и своевидна поема од пет пееења. Неофицијланиот дел на оваа стихозбирка е она што би можело да се нарече „нулти“ циклус, кој се наоѓа на самиот почеток од книгата. Тука се сместени три хумористични песни, но создадена е и мистификација според која овие песни се испечатени поради грешка на издавачот и му припаѓаат на друг автор.