За Божествената литургија (Евхаристија)
Автор: Петар Петковски
Година на издавање: 2016
Брошурата „За Божествената литургија (Евхаристија)“ – претставува типично литургиско – катихетско дело, кое служи за подобро запознавање со Тајната над тајните – Божествената литургија, која е центарот на православниот христијански живот. Таа е тајна над тајните и мистерија над мистериите. Централна Света Тајна на Православната вера е службата на Светото Причестување наречена Евхаристија. Како зборови – литургија значи општо дело, а евхаристија значи благодарење. Делото е мошне интересно. Напишано на едноставен и чист македонски литературен јазик. Со читање на ова дело се здобиваме со знаења поврзани околу Светата тајна Евхаристија – Причест.