За два дена рече „ДА”
Автор: Душко Трифуновски
Година на издавање: 2016
Софи нервозно ја преминуваше улицата без да гледа дали некој автомобил ќе ја крене на хауба. Качувајќи се по скалите од винаријата Супвин, здогледа дека белата кошула ѝ е изгужвана на местото каде што ѝ стоеше чантата во скутот. Го погледна часовникот за да види колку доцни уште на првиот работен ден, но часовникот беше застанат. Одеднаш погледна одзади и виде дека пајак ѝ го крева автомобилот поради лошото паркирање. Проклетство! Ништо во животот не ѝ оди како што треба. Дури и љубовниот живот ѝ е за греота, без да претпостави дека целиот живот ќе се промени во целост откако ќе влезе внатре. Го здогледува младиот директор со руса коса и згодно тело... Роман кој изобилува со смеа и хумор, зачинет со неочекувани пресврти во нивните животи. Тој млад и оставен, а таа млада и никогаш заљубена!