Врати во времето
Автор: Никола Илијовски
Година на издавање: 2015
Врати во времето е трета по ред книга поезија на писателот Никола Илијовски (1991 г.), во која се поместени седумдесетина песни, распределени во три поетски циклуси и тоа „Календарот на потсвеста“, „Голи квечерини“ и „Прекроено време“. Паралелно на трите циклуси песните се движат во надреалистички, еротски и филозофски контекст во чиј поетски простор надреализмот е потсвест, квечерината – ерос, а времето – филозофија што се прекројува во раката на поетот. Поетиката во Врати во времето се одликува со субјективен карактер на поетското писмо кое низ песните претставува одраз (налик на поетски монолог) на филозофскиот светоглед на авторот како апсолут и појдовна точка од една страна и објективноста на стварноста отсликана како релативитет во кругот на постоењето, од друга страна.