Егзистенцијалии: џебна философија во стихови
Автор: Трајче Стојанов
Година на издавање: 2016
Книгата ,,Егзистенцијалии: џебна философија во стихови", е обид за литерализација на философските идеи на данскиот философ С. Кјеркегард. Имено, тој во својата философија зборува за три животни стадиуми: естетска, етичка и религиозна, низ кои минува секоја поединечна егзистенција. Во таа смисла и збирката поезија на авторот е поделена на три дела: есетсис, поесис и ноесис, кои реферираат на трите фази на егзистенцијата. Па така, во првата фаза, естесис, авторот е опседнат со телотот, љубовта, еросот, плотта. Во втората фаза веќе се јавуваат „етичките“ дилеми, па тука авторот љубовта кон жената и телото ја заменува со љубовта кон поезијата и творештвото. И како и тоа не е доволно, во третата фаза, се „скокнува“ во суштината, во ноесисот, каде авторот пее за вечноста, смртта и бесмртноста. Секој циклус е засебен, но заедно се читаат како своевидна поетска интерпретација на философијата на Кјеркегард.