Тамбовските снегови
Автор: Јована Матевска
Година на издавање: 2016
Копнеете за прошетка по руското тло? Дозволете овој роман да биде вашиот пасош, да ве поведе низ едно волшепство, здивоодземачко патување низ градот на пчелите. Верувате ли во судбина? Или поборник сте на идејата дека сè сами сме си зготвиле? Епа се наоѓате на точната дестинација, оваа приказна е зачинета со виулици, студ, напоредно срцата ќе ви емитуваат термичност додека ја читате и голтате буква по буква. Точното решение, а ваш конечен одговор: Тамбовските снегови! Паралелно раскажаните приказни следат краток период од животот на две жени. Тие не се случајно избрани, туку главните хероини се поврзани преку крвна нишка. Во јадрото на фабулата се ставени мајката Матеја и ќерката Ирина. Збиднувањата се одвиваат во пролетта 1981 година во периодот на големата Руска Федерација и зимата 2014 година. Додека сторијата на мајката е раскажана преку личниот дневник, ќерката по пронаоѓањето на тој дневник почнува да го реанимира минатото на мајка си, така што тргнува во посета на никогаш победената, сурово студена и културно богатата Русија, 480 километри југоисточно од престолнината, во живописниот Тамбов.