Злосторство и вазна
Автор: Ѓургица Костадиновска
Година на издавање: 2016
Можно ли е совршено злосторство? Прашање кое го поставиле многу криминални умови, многу детективи, но и многу аналитичари, писатели и критичари. Оваа драма се занимава со случајното злосторство во едно навидум среќно, а длабоко во својата суштина дисфункционално семејство. Со сите современи прашања и дилеми кои го мачат современиот човек „Злосторство и вазна“ се обидува да одговори на ова прашање преку низа случајности и низа испреплетени настани. Преку имаголошки рефлексии и конструкцијата на Другиот, туѓинецот кој незабележително се камуфлира, a е одговорен за целата динамика се разнишува лажната хармонија. Преку постмодернистички реминисценции и алузии на дела од познати класични автори, вечните прашања и дилеми се рефлектираат во модерното општество со сите негови предности и недостатоци.