Помеѓу мене и Македонија
Автор: Ирена Стевановска
Година на издавање: 2016
Поезијата на Ирена Стевановска е сплет од копнеж и надеж за подобро утре, трага која го поведува по себе читателот нив вителот на животот по кој се копнее, животот за кој се сонува и животот кој секој сака да го живее, среден, среќен и независен од материјалното. На места ставајќи се себеси, а на места својата родна земја Македонија во центарот на своето творештво, Ирена создава свет во кој рајот за неа е токму Македонија, а среќата за спокоен и мирен живот, за авторката е отфрлање на се што ни го засенува патот по кој чекориме, секое попатно зло кое сака да не навлече на грев и преку простување да им се препуштиме на среќата и на љубовта, вредностите заборавени од светот, но не и од проценителите и опишувачите на човечката душа, поетите.