Дел од нас
Автор: Ирена Стевановска
Година на издавање: 2016
На силните нишки кои ги гради љубовта, Ирена ја пишува својата поезија за љубовта која ако не се негува гине, ако не се чува ја зема друг, ако не се храни слабее и умира. Барајќи ги патоказите кои би ја однеле токму до таквата љубов за да му ја подари на светот и секој да има дел од неа, Ирена плете стихови од копнеж, немир, но и стихови од надеж и среќни сеќавања кои во миговите на слабост и тага ја галат душата која понекогаш знае да биде цврста ко карпа, но понекогаш нежна ко парче свила на оган. Низ стиховите од оваа збирка, насловена како "Дел од нас", авторката кине дел од своето срце, со кое го покрива споменот заспан многу одамна и на своите читатели им дава надеж дека таму каде некој запрел, друг продолжува, но и таму каде некој згрешил, од неговите грешки друг може да научи да ги прескокне препреките кои можат да бидат и ненадминливи ако се сфатат погрешно.