Низ ходникот
Автор: Ивона Талевска
Година на издавање: 2016
,,Славата не е реалност. Јас затоа никогаш не ги разбрав луѓето кои тргнале кон голема слава. Никогаш не се разбрав ни јас самата, но принудно влегов во тој театар, каде што секогаш од некој ќе биде критикувана твојата улога. Или од повеќемина. Ќе се поделат луѓето на половина. Некои од нив нема ни да ги знаеш, а веќе те мразат. Но ќе ти годи да растеш во центарот на сите случувања, ќе ти годи да лебдиш и да не погледнуваш надолу. Се збогуваш со оние кои вистински те создале, и одиш кон оние кои ќе пробаат да направат клон на тебе. Ќе имаш толку многу причини за да застанеш. Зошто поблиску е секогаш дното одколку вселената. А сите ние верници што во непознатото се колниме, за душата забораваме. Се стремиме да стигнеме таму. Таму каде што не постои „Доволно“, не постои ни врв, ни победник. Најмалку љубов и малку повеќе пари за утеха. Гратис внимание на оние кои ќе створат од озборување уште еден човек од тебе. За тебе непознат. Само ти нема да го знаеш... А сите други ќе го гледаат. Денес љубовта им остана на кучињата и циганите.,,