Продавачот на ветар и магла и други приказни
Автор: Стефан Марковски
Година на издавање: 2016
„Продавачот на ветар и магла и други приказни“ е збирка од експериментални, специфични и постмодерни раскази на најразлични теми. Расказите со фундаментални стилистичко-структурни разлики се пишувани во периодот помеѓу гимназиските и студентските денови на авторот. За Марковски Драги Михајловски подвлекува дека е несекојдневен автор во современата македонска книжевност и пошироко; Венко Андоновски констатира дека станува збор за извонреден стилист, концизен и двосмислен; Румена Бужаровска вели дека метафорички упатува на преиспитување на човечките вредности; Васил Тоциновски посочува дека тој внимателно и добронамерно забележува и критикува, а Рајна Кошка ги издвојува дискретниот хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, оригиналната наративна техника и сложеното метафорично заокружување на расказот. Книгата вклучува 80-тина кратки раскази на 361 страница и истоимена комедија во почетните страници.