Се смееме низ разговорите на ѕвездите
Автор: Маја Мојсова
Година на издавање: 2016
Станува збор за избор на раскази кои припаѓаат на популарен жанр во македонската современа проза, но ретко досега биле издавани и публикувани такви книги. Жанрот е мистерија со примеси на метафизика и реалистични моменти. Секој расказ е посебна тема на разговор, состојба, однос меѓу главните ликови. Фантастичните моменти за дел од ликовите се секојдневие, за дел се еден вид средба со самите нив во едно друго време, простор, квантум. Реалистичните раскази ја прават самата книга на моменти весела, на моменти тажна или меланхолична или пак прикажуваат ситуации од секојдневието, во кои може да се најде секој поединец. Авторот за потребите на книгата создава сопствен код на именување на ликови, места и настани.