Трепери срцето мое
Автор: Гордана Гоце Балеска
Година на издавање: 2016
Збирката поезија „Трепери срцето мое“, чиј автор е Гордана Гоце Балеска, е отпечатена во април 2010 година од „Ирис Принт“, Струга. Рецензијата е направена од Доца Маџоска Цветкоска, професор по македонски јазик во ОСУ „Св. Климент Охридски“, Охрид. Книгата се состои од три дела: љубовна лирика, рефлексивна лирика и наградени творби. Во рамките на љубовната лирика, поетесата ја опејува својата љубов но и љубовта на својата генерација, односно пее за трепетот на сите околу неа. Во центарот на рефлексивната лирика е интимната љубов и љубовта кон најблиските, размислувањата за тајната на животот и заробеноста во телото. Наградените творби третставуваат ангажирана поезија по повод поетските конкурси на училиштата.