Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“
Автор: Петар Петковски
Година на издавање: 2016
Книгата „Кратка егзегеза на Господовата молитва „Оче наш“ – претставува типично библиско – егзегетско и катихетско дело, кое служи за подобро запознавање со молитвата „Оче наш“, која е општа, сенародна и основна, бидејќи таа е најважна молитва за христијаните. Таа е основа на духовниот живот и е најдобар образец за молење и затоа е присутна при секое богослужение. Делото е мошне интересно. Напишано е на едноставен и чист македонски литературен јазик. Со читање на ова дело се здобиваме со знаења поврзани околу Господовата молитва. Таа иако се состои само од седумдесет зборови, сепак во неа е изложена една целокупна богословска наука. Таа ги содржи најголемите вистини и уште се нарекува и „скратено Евангелие“. Всушност е еден вид на „Устав за човечкиот живот“ на земјата и тоа свет, праведен и непроменлив „устав“, кој важи и ќе важи за сите луѓе и за сите времиња.