Александрија
Автор: Јован Миноски
Година на издавање: 2016
Романот „Александрија" обработува вистинска животна приказна, преплетена со историски мигови, судбини и херојства во временскиот период од почетокот на дваесетиот век до Првата балканскја војна. Александрија Спасев Мојсов од селото Горно Добреноец е ликот кој како момче слугува во селото Карбуница, каде се вљубува во Синка, чорбаџиска ќерка. Се придружува на комитската чета на Војводата Арсо Мицков на свои шеснаесет години, учествува во Илинденското востание, со нападот на градот Кичево, предничи со јунаштво и храброст меѓу комитите, пред се во борбата кај Ѓурѓејца. Останува жив при предавството на четата на Војводата Арсо Мицков во селото Подвис, од каде се придружува на четата на Војводата Наќе Лавчанчето, каде по доаѓањето на Хуриетот се повлекува од комитскиот живот, се враќа во селото, каде се жени. По неколку години е мобилизиран во српската војска и учествува во Првата балканска војна, каде загинува, со мисла дека животот го подарил на црната земја, борејќи се за Македонија.