Писмата во библиотеката
Автор: Јована Матевска
Година на издавање: 2016
Koга една непромисленост на матурската ноќ ќе направи од Јана мета за исмејување пред градот таа полека се повлекува во својот свет. Но... Секогаш достапното “ но “, прави пресврт во ситуацијата. Предадена од момчето во кое е вљубена, решава да го уништи единствениот постоечки доказ, освен оној врежан во срцето, за нејзината платонска афера. Писмото во кое решила да си ги обелодени чувствата исчезнува. Вратено е заедно со позајмената книга од библиотека. За среќа на околностите, примерокот е повторно во нејзини раце. А писмото не е исто како го оставила. Некој одговорил на задната страна. Така почнува една интригантна преписка помеѓу мистериозниот праќач и добивачот на истите. Заедно со допишувањето следува и мозочна сложувалка, мрежа од загатки и траги, како примачот би го открил насловот на следниот “коверт” и неговиот реден број. Напоредно со промените во животот на Јана се одвиваат и подеми во животот на мајка ѝ. Самохраната родителка наоѓа к’смет во љубовта, иако Јана смета дека тоа е една добро одглумена фарса. Одеднадеж се наоѓа пред голема провалија. Зад нејзе стојат тројца личности: најдобриот другар од средношколските дни, воедно и вљубен во Јана, новостекнатата пријателка, вработена во библиотеката и поранешниот класен раководител, а сегашен љубовник на мајка ѝ. Кој од нив ќе го направи првиот чекор? Кој ќе ја турне, а кој ќе ѝ подаде рака? Како се вика авторот на писмата?