Љубовта на Одеса
Автор: Елена Ангеловска
Година на издавање: 2016
Љубовта на Одеса е кратка збирка поезија која ја опишува универзалната, безвременска љубов. Онаа ретко почувствувана живост низ која љубовта не носи дури и во најболните моменти. Секоe дело е еден дел од љубовта, a сите заедно ја претставуваат целината. Универзалната љубов е вечна. Таа никогаш не може да престане, да згасне. Таа може само да ја менува формата, од еден до друг живот, од еден до друг свет. Љубовта на Одеса е поезија што го поттикнува срцето и Ве остава да се запрашате надвор од зборовите и имагинацијата. Заплеткани со внатрешната душа и внатрешниот свет на еден човек, низ протокот на неговиот јазик да ја доживеете неговата реалност и неговата перцепција за љубовта. За еден непребол, за една темнина и една светлина. За ангелите и демоните. За се во едно. За една вечна љубов. Би вложиле ли се во неа, па дури и себе?