Срце на тротоарот
Автор: Адријана Ананиева
Година на издавање: 2016
Делото ,,Срце на тротоарот'' е (полу)автобиографска збирка раскази. Истите добиваат своја форма по враќањето дома од патешествијата на американскиот континент на авторката. Првиот дел го сочинуваат раскази проткаени со сопственото видување на авторката, додека вториот дел се раскази создадени врз основа на разговори за личните согледувања на пет девојки, кои можат да се наречат ко-авторки на делото. Секој расказ е внимателно избрана епизода или епизоди од секојдневието на протагонистите чија намера е да ги ослободат истите од заборавот и да буцнат во нешто од секое од нив. Настани и размислувања со кои се соочиле во текот на својот престој и работа во САД.