Шолја со млеко и морал
Автор: Миа Ефремова
Година на издавање: 2016
Еден обичен човек на денешнината ја доживува историјата на своите предци во бесконечност. Неслучајно се наоѓа себеси во изолираност од секојдневната одговорност, наметната од животот на секое човечко битие. Стравот од баналното го надминува со бегство во непознатото – кое всушност му го прикажува хоророт како последица од индиферентноста и другите чувства на вакумот. Иднината се преплотува со перцепцијата кога ембрионите стануваат свесни за сите можни личности во менталната свест на еден организам. Примитивноста доаѓа на власт и го убива секој кој не ги следи нејзините правила. Последната сцена е само обична визуализација на се што останува по смртта и се што не може да се убие во бесконечноста.