Очен Капак
Автор: Миа Ефремова
Година на издавање: 2016
Драма во која слепилото на младината не останува во младоста. Каде патиштата се разминуваат и поимите испреплетуваат – каде една Госпоѓа ќе ја изгори својата свест и ќе го роди новото сонце за да ја осветли душевната стагнација која се заканува на иднините поколенија. Границите ќе се постават онаму каде ликовите ќе застанат за да ја кажат вистината и ја ослободат земјата од оние што ќе направат се за да го продадат своето за да доживеат барем уште еден ден исполнет со трансреални невистини. Тогаш кога непријателот е самиот дом, а не оружјето вперено во него. Тогаш кога истрелот е единствениот начин за да се спаси целта и искине превезот од очите на оние кои се создадени да ја препознаат разумноста во перцепцијата на болното општество.