Љубов на прв поглед
Автор: Александра Ѓорѓиева
Година на издавање: 2016
Љубов на прв поглед. Љубовен роман, случајна случка која што буди јаки емоции. Емоции кои се нарекуваат љубов. Ана и Марко. Двацја заљубени кои што претпуваат се во името на љубовта. Родителите на Ана не го сакаат Марко за зет, па поради тоа и ја праќаат Ана на школување во Англија. И тоа не е доволно да Ана и Марко се заборават. Иако по неколку години Ана се мажи за друг на кои му раѓа ќерки, сепак нејзиното срце припаѓа на една личност - Марко. Се среќаваат после долг временски период, и свесни и двајцата дека тие сеуште душат еден кон друг. Во нив сеуште стои жарот, наречен љубов. Иако Марко треба да се венча со братучедка на Ана, сепак ја откажува свадбата и го прават првиот чекор кон заеднички живот. Сепак животот е доволно суров што на секое добро или лошо му го наоѓа крајот. Марко дознава дека има рак, но никогаш не и кажува на Ана, напротив секој момент кога ќе успее и пишува писма,колку тоа ја сака. Таа пак му верува дека оди на бербер кај комшијата затоа што неговата коса повеќе ја нема. Кога дознава дека Марко не е веќе помеѓу живите се повлекува сама во себе, и го чека. Секоја вечер оди на нивната клупа, на која што седеле и ја оставил за последен пат, и го оставив капутот. По неколку дека на врата ѕвони и поштарот и стасуваат писмата кои ги чита одново и одново заедно со солзите чајот и капутот. Ана и Марко завршија, ама љубовта сеуште трае. Затоа што љубовта е за секогаш и за секого.