Цутот на црешите
Автор: Оливера Доневска
Година на издавање: 2016
На самиот почеток читателот е воведен во психолошка рамнодушност на главниот лик Ана. Вртејќи ја секоја следна страница Доневска ве води заинтересирано да зачекорите со сопствениот обид во одгатнување на гласната и внатрешна репетиција на Ана " Зошто да не?" Минатото на главниот лик е сржта на овој роман кое е патоказ за одбивање на сопствената можност за посветла иднина. Во сегашноста која ја живее и "На парчиња свесно ја сече сопствената свест" додека провејува нејзиниот ироничен (внатрешен) дијалог со отсуство на чувства- поглед кон животот, изненадувачки расцветува за да го доживее крајот кој ретко кој читател може да го предвиди.