Злодобро
Автор: Јован Стрезовски
Година на издавање: 1990
Романот ЗЛОДОБРО во основа има историска тема: судбината на Македонија, нејзините прекројувања и распрчувања што го прават големите светски сили спрема нивните интереси. Динамичноста и драматичноста на фабуклата е во знакот на која државна творба ( Кралството СХС или на Албанија) ќе и́ припадне ова парче Македонска земја. Во таа неизвесност се одвиваат настаните и судбините на луѓето во с. Езерец, како и судбините на калуѓерите во манастирот Св. Наум, чија неизвесност почнува во 1913 г. и трае сé до 1922 г. кај ќе припадне тој, бидејќи Комисијата на големите сили што ги обиколува овие простори, постојано го впишува манастирот во географската карта: дé во СХС (подоцна Југославија) дé во Албанија. Низ таа општа неизвесност и драма, се одвиваат и поединечните драматични судбини на личностите во романот. Темата на романот е актуелна и денеска поради немирниот Балкан и постојаното прекројување на границите.