Жонглирање со животот во слободен пад
Автор: Сара Трајковска
Година на издавање: 2012
Станува збор за прозно дело во кое преовладуваат модернистичките, филозофски и психолошки мисли со кои преку изострената перцепција е прикажана моќта на човечкото суштество да го осознае, разбере, подобри универзумот во себе и надвор од себе, настаните, процесите и причинско-последичните односи. Ликовите, кои се носители на идеите, се специфични и типизирани апстрактни поими, судбината, љубовта, среќата, радоста, болката - пишува издавачот за книгата.