Двоглед
Автор: Горан Јанкуловски
Година на издавање: 2011
Во „Двоглед“ авторот се осврнува и на повеќе теми од урбаното живеење, и неуморно ѕирка во секоја пора на општеството, вклучувајќи го и градскиот џет с(м)ет. Книгата сведочи за безимената земја, но, и како што вели, за „армијата сељаци во СкоТје“, откривајќи им ги вистинските лица и патот на нивната гола амбиција да станат „некој“ наместо да станат „нешто“. Оваа книга Стиховен Калибар и ја посветува на својата загубена генерација, жртва на 20-годишниот општествен колапс.