Свето проклето
Автор: Јован Стрезовски
Година на издавање: 1978
Во романот СВЕТО ПРОКЛЕТО прикажани се голем број судбини на личностите од крајезерското село Водец педизвикани од условите на живеењето во војни, болести, глад, студови, поплави и други несреќи. Покрај судбините што се придизвикани однадвор, често и тие ги предизвикуваат одејќи против самите себе. Често несреќите им доаѓаат и од самата нивна изместена и разнебитена природа. Пошироките збиднувања во кои луѓето се зафатени како во некој вител кој ги носи и од кој не можат да се откинат, лоциран е во 1913 г. па сé до крајот на Првата светска војна. На тие настани во романот им се дава епска димензија отсликувајќи го националниот пролом на Македонија. Сите настани и личности во романот отсликани се со со богат, слоевит и лирски раскажувачки јазик.