Љубопис
Автор: Анте Поповски
Година на издавање: 1980
Кон “Љубопис“ Што е тоа што може да биде од интерес и да претставува воведен текст кон сопствен поетски ракопис, или поточно, - кон сопствена поетска постапка? Нема ли опасности тоа да се сфати претенциозно, нарцисоидно? Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени,тешко е да се процени колку е авторот во стостојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем стпжерните пунктови на сопственото творечко искуство. Еве, поради сево ова, јас ќе се обидам да си ги возобновам оние мигови од мојот живот кои подоцна се преобразиле и се преобразуваат, едноставно се одгласиле и се одгласуваат во систем на зборови и мисли.Постои еден закон во природата, помоќен од сите променливи струи, од секое влијание од надвор или влијание од минатото: тој јазик бара поезијата никогаш премногу да не се одалечи од нашиот секојдневен говор. Поетот застанат спроти македонскиот јазик како да се наоѓа пред неосвоива тврдина во времето: кога ќе си помисли дека ги отворил нејзините порти – се покажале други, трети .... Убавината на маката. Вечноста на творечката прелага. ... Зошто сево ова? На творецот не му е дозволено да суди за неговото сопствено дело.Но кога е веќе обврзан да одговори на едно од нацувствителните прашања – за посебноста насвојот творечки опит, мене ми се стори дека е наприродно тоа да се направи посочувајќи на некои од поинтересните теоретски стојалишта за поезијата и посебно назначувајќи ги оние кои му се поблиски, поприемливи. Се разбира дека ваквата постапка не може целосно да ги објави бројните искушенија пред кои се наоѓа творецот.