На пат кон Дамаск
Автор: Елизабета Баковска
Година на издавање: 2006
Романот „На пат кон Дамаск“ е колажно четиво во кое напоредно течат повеќе приказни. Парчиња од животот на главниот лик, млад Македонец кој е доброволец во конфликтот во 2001 година, се испресечени со приказните на редица луѓе кои на еден или на друг начин влијаеле на неговиот живот. Низ овој современ контекст, како фон, се провлекува библискиот и историскиот лик на свети Павле, кој го пишува своето изгубено Послание до Македонците. Суштината и смислата на живеењето, природата на љубовта, семејните односи, патриотизмот, храброста и плашливоста, војната и мирот, се некои од прашањата кои се отвораат низ фрагментираната животна приказна на главниот лик. На крај, сите приказни се спојуваат во една единствена, неочекувана заедничка точка.