Сите притоки се слеваат во моето корито
Автор: Марта Маркоска
Година на издавање: 2009
Поетски првенец на една поетеса која во себе ги влеала поетските текови на “Големата Вода” на светската поезија, создавајќи го чудесниот Естуар на значења и едначења, на слики и асоцијации, на пориви и илуминации...И токму амбивалентноста на терминот Естуар повлекува или поточно вовлекува во обидот да се заплови, или да се нурне во матицата или можеби во матрицата (матриксот) која клокоти низ версифицираните слики на Марта Маркоска.