Смртта на Иван Илич
Автор: Лав Толстој
Година на издавање: 1886
„Смртта на Иван Илич“ од Толстој е ништожниот живот на Иван Илич посветен на кариерата и неговата смрт која колегите ја дочекуваат со радост заради можноста да го зафатат неговото работно место. Во неа се опфатени и други прашања, поттеми, како: лицемерието, женачката без љубов, односите во семејството, изборот на вистинскиот пат во животот – дали да се биде алтруист и да се живее за другите или да се биде егоист и да се живее за себе, здравјето и болеста, соочувањето со смртта, бесмислата на животот итн. Всушност преку претставувањето на еден „обичен“ живот, Толстој ги загатнал сите животни прашања, а преку крајната разочараност од животот на главниот лик на крајот – тој суптилно ни го дава одговорот.