Сид
Автор: Пјер Корнеј
Година на издавање: 1637
"Сид" е класицистичка трагедија напишана токму од основоположникот на ваквата драма. Пјер Корнеј создал трагедија која се разликува од античките трагедии. Таа не завршува со смрт на главниот лик и не предизвикува стравопочит. Во драмата настанува пресврт на крајот и се случува нешто што не сме го очекувале, Главни ликови се Родриго и Химена, а основниот мотив е судирот меѓу обврската да се одбрани честа и љубовта.