Македонија од Требош до Хаг
Автор: Ставре Џиков
Година на издавање: 2004
Македонија во 2001 година се најде во вооружена криза наметната од протекторатот Косово, при што гинеа невини цивили, лица од безбедносните сили во одбрана на државата. За крвавите настани каде што беше во прашање опстојувањето на македонската држава, за да не се изроди граѓанска војна, покрај усилбите што ги правеа државните институции за состојбата во државата се заинтересира и меѓународниот фактор – дипломатски, како и Хашкиот трибунал и како и главниот обвинител на овој суд, што е основан од Советот за безбедност на ОН. “Македонијаденес” за првпат објавува документи, комуникација, видување на претставниците на правосудната македонска власт и на ставовите на Хашкиот суд и нивниот обвинител.