Лошиот пат
Автор: Томе Мешковски
Година на издавање: 2015
Книгата „Лошиот пат“ ја сочинуваат четиринаесет крими-раскази. Случувањата во нив се вистинити. Се разбира имињата и местото на случувањата се изменети. Писателот Томе Мешковски-Мешко ги опишал на еден, за него специфичен начин, едноставен и разбирлив за читателот. Во „За авторот и книгата“ д-р Венко Андоновски, за него ќе каже: „Тој е книжевен дебитант со огромно професионално и криминолошко искуство, кое го стекнал како оперативец во Министерството за Внатрешни Работи, каде го минал целиот свој работен век“.