Секое зло за арно
Автор: Вилијам Шекспир
Година на издавање: 1623
Секое зло за арно е комедија напишана кога Шекспир ги напишал големите трагедии Хамлет, Отело, Макбет и Крал Лир. Оттука, поради мрачниот тон и тегобната атмосфера а, пред се, поради развојот на настаните кои, по сите свои карактеристики, неизбежно навестуваат трагична разврска, но сепак, иако мошне насилно, среќно завршуваат, делото спаѓа во таканаречените црни или горчливи комедии.