Лебедарните гаќички
Автор: Игор Поп Трајков
Година на издавање: 2015
Иако не живее со некои особени амбиции Давид сака да живее. Не сака да умре. Општеството не му помага на Давид да се интегрира во истото туку го присилува да биде дел од општото лицемерие и корупција каде смее да биде вработен само оној кој умее да лаже и молчи. Давид не сака или не умее да молчи. Сè повеќе вовлекувајќи го во криминалното подземје, општеството развива кај Давид отпорност, која е толку голема што се граничи со феномен. Давид продолжува да живее, но паралелно продолжува и проклетата феноменологија базирана на душевната празнина.