Збогум, Вано, Ванке...
Автор: Оливера Николова
Година на издавање: 1989
Инспирација за овој роман е првиот штрајк во Македонија, при крај на осумдесеттите години на 20-тиот век. Иако долготраен и отворено именуван како штрајк, тој за времето на социјализмот беше неприфатлив како форма на дејствување, па власта грубо застана против барањата на работниците. Бурните одгласи во домашниот и странскиот печат не помогнаа штрајкот да ја постигне својата цел.