Хипер Хипотези
Автор: Марта Маркоска
Година на издавање: 2011
Од аспект на создавач, книгата Хипер Хипотези, иaко во насловот го носи префиксот „хипер“, може да гарантира спротивен ефект од алузијата за хиперпроизводство или мас-продукција. Се работи за збир од научни текстови, напишани во текот на магистерските културолошки студии и оценети со највисока оцена од страна на компетентни и реномирани професори. Книгата опфаќа научно-истражувачки теми од повеќе области: културологија, имагологија, филозофија, психологија, родови студии, испреплетени со референци од областа на филмот, музиката и книжевноста. Секој од овие текстови е производ на подолга истражувачка работа, при која се консултирани најразлични извори: архивски документи, стручни научни трудови, теориски книги, врвни филмски дела од светската кинематографија, музички извори и електронски датотеки на податоци. Оваа книга во целост може да се третира како анализа на одредени културолошки состојби и поединечни културни практики сместени во различни географски одредници, историски контексти и социокултурни средини, а условени од факторот време.