Грст љубов
Автор: Стојан Арсиќ
Година на издавање: 2016
Во редовите на овој роман, авторот раскажува мошне интересна животна приказна за една млада жена (Вања), за нејзините животни искушенија, страдање и најпосле за грст љубов по која ќе тргне во далечните источни краишта. Авторот се задржува најмногу – дека и љубовта, како и се друго е миниливо и променливо чуство, пир на хормоните во младоста, чиј резултат полека, полека ја разјадува душата, го кине срцето. Таков е овде случајот со брачниот оков на двајцата несреќни сопружници: Невен и Вања. Покорувајќи се на традицијата и со својот младешки сон, младата Вања ќе влета во брак со „Пишаниот“, бескрупулозен насилник и коцкар, затскриен зад велот на љубезноста и финансиската моќ на неговиот татко – банкар. Животот на младата и перспективна студентка по медицина ќе излезе од вообичаениот животен тек и ќе се престори во пекол, исполнет со физичко и психичко малтретирање. За Невен однесувањето кон Вања се сведува само на насилство и вулгарности. Првиот грст љубов Вања ќе го добие со раѓањето на нејзината Искра. Вториот грст љубов го пронаоѓа далеку, на Исток во Москва, во стабилниот и искрен уметник Сергеј. И, третиот грст го наоѓа во разбирањето и поддршката од своите родители Ана и Иван.