Во одбрана на македонскиот идентитет
Автор: Веле Алексоски
Година на издавање: 2013
Самиот наслов на оваа книга „Во одбрана на македонскиот идентитет“ му ја најавува содржината и тематиката на читателот. Значи, сите текстови што се напишани во книгата, иако по содржина, особено по форма, можат да се класифицираат во 5-6 поглавија, во сите основната тема им е македонскиот опстој, а желбата на соговорниците и сведоците на настаните им е целосна, слободна и обединета татковина – Македонија. Доминираат текстови посветени на вековните страдања, измачувања и убиства на македонскиот народ. Покрај историските сведоштва, во оваа книга, има и книжевни творби – куси раскази, но и во нив провејува желбата за „свој на своето“, за среќна Татковина на македонското население, но и на припадниците на другите етнички заедници кои и се лојални граѓани на нашата Македонија. Оваа книга содржи четива за читатели од сите возрасти, и не само да ги релаксира и забавува, туку и да го поттикне нивното патриотско чувство во одбрана на Патријата – Татковината, како и нејзините национални атрибути: македонско име, македонски народ, нација, јазик, култура, писменост.