Од влакно ортома
Автор: Вилијам Шекспир
Година на издавање: 1598
Комедијата „Од влакно ортома” првпат се појавува во 1598 година. Главниот заплет се темели претежно врз една приказна од Матео Бандело врз која се надоградени делови од Бесниот Орландо на Ариосто. Оваа романтична комедија, критичарите ја сметаат за сјајно но неизбалансирано дело. Главната приказна за Хера и Клаудио бледнее покрај остроумните двобои помеѓу бистрата, зборлеста Беатриче и закоравениот ерген Бенедик, ликови внесени во изворната приказна од самиот Шекспир. Драмата изобилува со незабележувања на суштината (notings) кои водат до лажни заклучоци. Всушност, целото општество за кое говори Шекспир е полно со еден вид цивилизирана плиткост, свет наивен и неспособен да се брани пред јасно видливите канџи на злото.