Тартиф
Автор: Жан Батист Поклен Молиер
Година на издавање: 1664
„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави. Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството. Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови. Поводот Молиер да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.